Во тек е голема полициска акција: Апсења во Лондон, Белгија и Монако….

196

Во тек е голема полициска акција во Лондон, Монако и Белгија поради сомнеж за перење пари во трансферот на српскиот напаѓач Александар Митровиќ во Њукасл.

Поради овој случај претходно оваа година беа претресувани просториите на Андерлехт и Белгискиот фудбалски сојуз. Митровиќ премина од Андерлехт во Њукасл во 2015 година за отштета од 18,5 милиони евра.

Обвинителите потврдија дека во акцијата се уапсени неименуван менаџер и неговиот асистент. Сепак, како што пренесуваат британските медиуми, сериозни извори брифираат дека апсењата се поврзани единствено со трансферот на Митровиќ во Њукасл.

Се тврди дека овој случај нема врска со скандалот во Белгија од минатата година кога во државата и низ добар дел од Европа имаше 57 претреси поради сомнеж за перење пари и местење натпревари.