Некогашната позната водителка, Мелита Ракичевиќ, која одамна е дел од инфлуенсерскиот свет, години наназад гордо ја ‘покажува’ својата единствена ќерка, Барбара Ракичевиќ – Барби.
Барби пред само некоја година беше мало, срамежливо и повлечено девојче, без оглед на славата која ја имаше нејзината мајка. Но, денес таа е тинејџерка која магепсува со својот неверојатен изглед.
Барбара постојано објавува фотографии на својот Инстаграм профил, а фановите на нејзината мајка не можат да си поверуваат колку бргу порасна ‘малата Барби на Мелита’.
Инаку, Барбара од неодамна е новото лице во екипата на „Бекстејџ“, па тоа е само уште една новост во нејзиниот живот, со која покажува дека сака да оди по стапките на својата мајка.
Барби успешно се снаоѓа во водителскиот свет, а за тоа може да се уверите и во вечерното издание на Бекстејџ, по 22 часот на Канал 5.






![[ВИДЕО] Жена изгоре во пожар во скопската населба Пинтија](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/05/pozar-218x150.jpg)











![[ВИДЕО] Објавена снимка од авионот на Кроација ерлајнс што излета од пистата во Сплит](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/05/fuzsm-split-avion-218x150.webp)



















