Утре без струја делови од неколку скопски општини

0
159

Заради технички зафати во дистрибутивната електро – мрежа, без електрична енергија ќе останат делови од општина Ѓорче Петров, Сарај, Кисела Вода и Сопиште.

Во периодот од 9:00 до 15:00 часот прекин во напојувањето со електрична енергија ќе бидат селото Ново Село дел од ул.„106“. во општина Ѓорче Петров, во периодот од 8:30 до 14:30 часот корисниците од селата Дворце и Орашје во општина Сарај, а во периодот од 12:00 до 13:30 часот, дел од ул. „Пат за село Количани“, дел од ул. „Пат за Китка“, објектите кои се наоѓаат на патот за село Количани кај ресторант „Weding house“ во Драчево, во општина Кисела Вода.

Без струја во периодот од 10:30 до 15:30 часот ќе бидат корисниците од дел од село Горно Соње ул. 8., во општина Сопиште, во периодот од 9:00 до 10:00 часот, дел од бул. „Борис Трајковски“, раскрсница Усје, најблиските подулички околу автоплацот, во општина Кисела Вода, а во периодот од 9:00 до 15:00 часот корисниците од улиците со броевите 4, 6 и 7. во село Батинци, општина Студеничани.

Во периодот пак, од 8:30 до 10:00 часот без струја ќе бидат дел од ул. „Жил Верн“ во општина Кисела Вода, а во периодот од 9:00 до 11:00 часот дел од ул. 1439, населба Пинтија, општина Кисела Вода.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here