Ова малечко место е „мамка“ за луѓето од целиот свет, меѓу нив и Македонците: Еднаш кога ќе појдат таму, никогаш не си заминуваат – еве зошто

65

Едно далматинско место стана вистински хит меѓу странците. Во Карин, Хрватска, се почесто се преселуваат луѓето – едни заради работа, други заради мирните пензионерски денови.

Во што е тајната на Карин?

Германски регистарски таблички, но во Хрватска. Поточно станува збор за Карин. Германецот Михаел Лузак раскажал како стигнал таму со своите пријатели и останале да живеат засекогаш.

„Во Германија повеќе сакаат да го истакнат „јас“ – „Јас морам да го направам ова, јас морам да го направам тоа“, тука сите велат „ние““, објаснил тој.

Таму исто така живеат и работат и Непалци, кои што пристигнале за да заработат повеќе пари. Нив многу им се допаднало местото особено поради тоа што Непал е цел опкружен со планини.

Во кујната каде што работеле тие, работи и една Македонка – Анита Стојанова која што заминала таму само како сезонски работник, но останала заедно со својот сопруг, да живее и работи.

А, приказна слична како нивната имаат речиси сите доселеници, од Шведска, Босна и Херцеговина, Германија, Англија…

На сите нив заедничко им е тоа што во Карин живеат околу 700-ни луѓе.

Карин едноставно е „мамка“ за сите луѓе од светот, а секој ден таму се раѓаат нови меѓународни пријателства.

„Многумина сме се запознале тука и постои почитување меѓу нас. Уживаме како соседи, уживаме во културолошките разлики и се обидуваме сите да се збогатиме, како духовно така и финансиски“, велат тамошните жители.