ПО СЕФОВИ, ПОД ПАРКЕТИ, НА ТАВАНИ, ПОД ПЕРНИЦИ – еве од каде Заев планира да легализира од 1,5 до 2 милијарди евра

348

Во вчерашното интервју за Дојче Веле премиерот зборуваше и за тоа како државата планира да легализира 1,5 до две милијарди евра. Тоа досега предизвика многу контроверзи во јавноста.

„Многу земји даваат таква можност“, вели Заев.

„Претпоставка е дека помеѓу 1,5 до 2 милијарди евра лежат неискористени по сефови на банки, под паркет, на тавани, под перници, во куќите, насекаде, тоа е неискорстен потенцијал на државата“, нагласи премиерот.

Можноста ќе важи за сите, освен за оние што се предмет на кривичен прогон или се во судски постапки, и доколку се потврди дека парите потекнуваат од кривични дела. Значи, процесот ќе се одвива според европските стандарди.

„Целта е да платат 10 отсто данок и во рок од две години да ги инвестираат парите, или алтернативно да купат кола, стан, акции од фирми, да си инвестираат во некој деловен простор, или, или алтернативно, државна обврзница со нула каматна стапкка. Во таков случај нема да плаќаат 10 отсто данок, но ќе изгубат ако сакаат веднаш да ги инкасираат тие обврзници“, објаснува Заев.