Договор со Владата: Приватните клиники ќе ја опремат старата болница на „Систина“ и нивен кадар ќе работи таму

60

инистерот за здравство, Венко Филипче, објави дека вечерва на состанок со приватните клиники постигнале договор. На располагање ќе се стави старата болница на „Систина“, која приватните клиники ќе ја опремат, ќе обезбедат кислород и ќе дадат кадар што ќе работи таму.

Во неа ќе се сместат 100 пациенти.

„Постигнавме договор и обезбедивме капацитет од дополнителни 100 кревети, а тоа се ресурси кои државата ќе ги користи од приватните болници. Заеднички се договоривме тоа да биде ’Мала Богородица‘, старата болница на ’Систина‘ каде можат да се сместат 100 пациенти. Целосно ќе биде опремена од страна на сите приватни болници со нивни заеднички договор. Од таму ќе биде обезбеден и кадар и материјали за работа и за сето тоа соодветен надоместок, согласно постојните закони, ќе плаќа државата“,

изјави Филипче по средбата.

Оваа болница, треба да биде ставена на располагање на крајот на идната недела, а дотогаш министерот вели дека има доволно капацитети во државните болници и клиники.

Проценките на Филипче се дека ова ќе биде сосема доволен број на легла за да може да се изменаџира ситуацијата со ковид-19.

Станува збор за објектот во скопската населба Тафталиџе, денешен хотел Ибис, кој во екот на првиот бран се користеше како место за карантин за граѓаните кои се враќаа од странство.

Стариот објект на Систина, кој потоа стана хотел, приватните болници ќе го пренаменат во болница
Стариот објект на Систина, кој потоа стана хотел, приватните болници ќе го пренаменат во болница