Ова крстарење ќе го паметат долго: Дувнал ветер од 185 километри на час, мега-крузерот само што не се превртил! Летале столови и маси, патниците врискале

330

Најмалку 8 патници завршиле во болница на Флорида откако нивниот крузер се навалил по ударот на силниот ветер.

Како што навеле, одненадеж почнал да дува многу силен ветер од 185 километри на час и поради неповолните временски услови, крузерот почнал да се навалува на левата страна.

Бродот потоа се закотвил на Флорида, а неколку патници биле префрлени до болницата во близина.

“Гледав филм во собата кога се почна да се тресе, а потоа почнав да паничам. Работите почнаа да летаат, станавме од креветите, но се држевме за нив…Навистина мислев дека ќе умреме”, рекла Саманта Фостер од Монтреал.

Како што рекла, бродот во еден момент се исправил, но и натаму се било нестабилно.

“Многумина ноќта ја минаа надвор од собите, во заедничките простории…Беше страшно, никогаш не сум се исплашила вака”, додала таа.

Други патници на социјалните мрежи поставуваат снимки и фотографии кои покажуваат како насекаде летале маси и столчиња.

Њујорчанецот Рој Фернандез, кој работи за оваа норвешка компанија веќе три години, вели дека вакво нешто уште не доживеал.

“Стоев зад шанкот, а потоа се почна да се навалува за 45 степени. Побегнавме од таму бидејќи се почна да паѓа. Одвај избегнувавме да не удрат столчињата и другиот мебел. Кога дојдовме до атриумот, видовме пристаниште и вода која беше директно пред нас”, рекол тој.

Фернандез вели дека круизерот бил накривен околу десет минути.

“Минатите две ноќи не можев да спијам повеќе од 2 часа од што бев многу нервозен”, рекол тој.

После се, крузерот не претрпел штета и ќе продолжи со нормалното пловење.