Оле Гунар Солскјер и неговите фудбалери приредија уште едно големо задоволство за фановите на Манчестер Јунајтед, откако синоќа го победија ПСЖ со 3:1 среде Париз и се пласираа во четвртфиналето на Лигата на шампионите.
„Црвените ѓаволи“ дојдоа во речиси загубена позиција, со негатива од два гола и без Погба, но на најдобар можен начин ги искористија подароците на домашните фудбалери.
Уште во 2. минута големата грешка на Керер ја искористи Лукаку за 0:1, десет минути подоцна Бернат израмни, но до крајот на полувремето погреши и Буфон, па Лукаку со вториот гол ги постави 1:2 по првиот дел.
Тој резултат беше актуелен се до почетокот на судиското надополнување, кога ВАР судиите реагираа поради играње со рака на Кимпембе во шеснаесетникот, Скомина реши дека тоа е пенал, а Рашфорд ги постави конечните 1:3 од белата точка.
Големата победа за гостите ПСЖ не можеше да ја неутрализира во завршните минути, па Јунајтед почна да го слави пласманот во следната фаза.















![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)





















