Пресврт во истрагата за убиството на Афроамериканецот: Полицаецот го познавал Флојд од порано, се судриле во ноќен клуб

528

Смртта на Флојд предизвикала лавина демонстрации против расизмот, прво во САД, а потоа и ширум светот.

Поранешниот полицаец Дерек Човин и Афроамериканецот Џорџ Флојд, кој починал додека Шовин го приведувал, се судриле додека работеле како обезбедување во ноќен клуб, изјавил за “CBS” нивниот поранешен колега Дејвид Пини.

Пини, кој со Флојд и Шовин работел во ноќен клуб, рекол дека Човин бил многу агресивен, поради што тој и Флојд имале судири.

“Верувам дека тоа што се случи на 25 мај во Минеаполис на некој начин било и лично”, рекол Пини.

Човин е обвинет за убиството на Флојд на 25-ти мај во Минеаполис, откако речиси 9 минути му клечел со колена на врат, иако Флојд неколку пати рекол дека не може да диши.

Смртта на Флојд предизвикала лавина демонстрации против расизмот, прво во САД, а потоа и ширум светот.