“2001: A Space Odyssey” на режисерот Стенли Кјубрик ќе биде првиот филм во историјата што ќе биде емитуван во 8К резолуција на јапонската телевизија “NHK”, пренесува “BBC”.
Јапонскиот емитер “NHK” соопштил дека од компанијата “Warner Bros” барал да ги скенира оригиналните филмови во 8К резолуција за потребните на нивниот нов канал.
Имено, сликата во 8К резолуција нуди 16 пати поквалитетна слика во однос на HDTV стандард. Меѓутоа, малкумина имаат адекватен телевизор или друга опрема потребна за прием на таква слика.
HNK за почеток на пуштање на програма во 8К резолуција го одбрала легендарното филмско ремек-дело “2001: A Space Odyssey”, кој на гледачите ќе им донесе сосема ново искуство во гледањето на филмови.
“Многу познати сцени стануваат уште поживописни, со посебен фокус на деталите на режисерот Стенли Кјубрик кои се нагласени во филмот. Со гледање на филмот ќе добиете чувство на реално патување во вселената, а сето тоа од комфорот во вашиот дом”, стои во соопштението на компанијата “HNK”.
Во март следната 2019-та година тој јапонски канал би требало да го емитува и филмот “My Fair Lady”, во кој главната улога ја има Одри Хепберн.









![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-218x150.png)








![[ВИДЕО] Сцена од грчка плажа – бугарски туристи и скара на песок](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/uBJ7W-screenshot-15-218x150.png)






![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)












