Научниците од универзитетите во Берн и Женева ја открија најтоплата планета на чија површина температурите надминуваат 4.327 Целзиусови степени. Во атмосферата на Kelt-9b се пронајдени железо и титаниум, што зборува за топлината која испарува од оваа планета.
Kelt-9b е голема колку три планети со големината на Јупитер, но нејзината вкупна маса е двојно помала, што им овозможува на тешките метали да испаруваат. Планетата станува потопла од некои ѕвезди.

Топлината ја предизвикува ѕвездата Kelt, на која температурите се близу 10.000 степени, а оваа голема планета е 30 пати поблиску до Kelt-9b отколку што Земјата е близу до Сонцето.
Планетата кружи 36 часа околу ѕвездата, за разлика од Земјата, која кружи околу сонцето само 24 часа. Kelt-9b е оддалечена 650 светлосни години од Земјата, а се наоѓа во соѕвездието Лебед.
Во Сончевиот систем најтопла планета е Венера, чија температура достигнува до 462 Целзиусови степени.















![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)





















