Една од најубавите манекенки на домашен терен и една од ретките што може да се пофали со интернационална кариера, по подолга оправдана пауза повторно се враќа во светот на модата. Катарина Ивановска деновиве сними нов едиторијал, и вели дека едвај чекала да почне со работа затоа што многу и’ недостасувале професионалните ангажмани.
Едвај чекав да почнам да работам. Работата ја сакам и ме мотивира, работам од 16 години и сега кога направив пауза недостасуваше дел кој ме правеше целосна, а тоа беше работата“, искрена е Ивановска, која минатата година се оствари и како мајка и на свет го донесе малиот Вања.
– Мајчинството ме промени во однос на обврските што секој родител ги има спрема своето дете. Од моментот кога Вања дојде на свет, безгрижноста заврши и тој отсега па понатаму е преоритет. Ниту мојот партнер, ниту јас не сме од оние родители што по детето се затвораат дома и забораваат на сопствениот живот. Вања уште повеќе ни го разубави, и секој миг уживаме со него“, додаде манекенката, која по нецел месец од породувањето успеа да се врати во форма, а за читателките на „Убавина и здравје“, открива како успеала во тоа: „Со секојдневно вежбање и дисциплина. Качив само 6 килограми, изгубив апетит, иако се плашев дека ќе се здебелам зашто љубам да јадам (ха, ха). Јадењето ме прави среќна!“, заклучи Ивановска.






![[ВИДЕО] Жена изгоре во пожар во скопската населба Пинтија](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/05/pozar-218x150.jpg)








![[ВИДЕО] Зеленски му пиша на Путин, предлага крај на војната, пристигна првата реакција од Кремљ](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/904z509_Volodimir-Zelenski-0206-218x150.jpg)



![[ВИДЕО] Објавена снимка од авионот на Кроација ерлајнс што излета од пистата во Сплит](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/05/fuzsm-split-avion-218x150.webp)















![[ВИДЕО] Зеленски му пиша на Путин, предлага крај на војната, пристигна првата реакција од Кремљ](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/904z509_Volodimir-Zelenski-0206-100x70.jpg)



