Остра порака до Москва: Американците распоредуваат бомбардери и војници во Норвешка!

586

Американското воено воздухопловство за првпат ќе распореди бомбардери од типот „Б-1“ во Норвешка, што е потег кој испраќа јасна порака до Русија дека американската армија ќе делува во стратешки важниот арктички регион.

Високи функционери од американското министерство за одбрана за „СиЕнЕн“ потврдиле дека четири бомбардери од типот „Б-1“ и околу 200 војници од воздухопловната база „Дајес“ во Тексас ќе бидат распоредени во базата „Орланд“ во Норвешка.

Покрај тоа, во следните три седмици ќе започнат мисиите во арктичкиот круг и меѓународен воздушен простор, во близина на самите граници на северозападот на Русија.

„Оперативната подготвеност и нашата способност да пружиме поддршка до сојузниците и партнерите и брзо да одговориме, се пресудни за заеднички успех“, изјави генералот Џеф Хариџијан, командант на американските воздухопловни сили во Европа и Африка.

Во текот на последните неколку месеци Пентагон распоредуваше слични групи на стратешки бомбардери и на Блискиот исток со цел да ја демонстрира својата способност брзо да ги преместува воените средства во различни региони.