Онколозите ве молат од исхраната да ги исфрлите овие 7 намирици: Предизвикуваат многу болести

59

Оваа храна може да го добие епитетот „ѓубре“, а истата потенцијално предизвикува појава на малигнитети.

Во денешно време многу е тешко да се пронајдат навистина здрави производи на полиците од продавниците. Секојдневно сè повеќе и повеќе се сретнуваме со штетни производи кои во себе содржат опасни хемиски соединенија.

Ова е листа од седум производи која на прв поглед не претставува никаква опасност, но всушност не треба да ја користите доколку не сакате да му наштетите на вашето здравје.

Џемови

Џемовите од продавница се индустриски обработени, а истите се многу штетни, содржат моќни адитиви, а исто така боите кои се наоѓаат во нивниот состав се екстремно штетни.

Помфрит во ресторан или од продавница

Помфритот содржи многу скроб и масти. Неговата употреба доведува до дебелеење. Меѓутоа, гојазноста е поттикнувач на други здравствени проблеми.

Помфритот содржи и трансмасти кои можат да предизвикаат атеросклероза, дијабетес или канцер, но и генетски промени во телото. Трансмастите исто така го погодуваат имунитетот. Помфритот е обилно солен, а солта во големи количини го зголемува ризикот од заболување, како на пример хипертензија, срцев или мозочен удар.

Пуканки

Пченката сама по себе не претставува закана за луѓето. Но, за да направите пуканки се додаваат путер, сол, шеќер, карамелизатори, бои, зголемувачи на вкусот и аромата кои се смрт за нашиот организам.

Колбаси

Колбасите се прават од генетска модифицирана соја. Тие содржат свинска маст, внатрешна маснотија, свинска кожа која зазема до 40 отсто од нивната тежина. Вкусот на месото се постигнува со помош на арома.

Шунка

Во поголемиот дел од случаите, во шунката месото не е повеќе од 5 отсто од производот. Сето останато е составено од зголемувачи на вкусот, бои…

Свежи чадени колбаси

За жал никој не ги произведува чадените сувомеснати производи како претходно. Наместо тоа се користат течности за тоа во кои е присутен формалдехид. Тоа може да доведе до развој на канцер доколку оваа храна се консумира подолг временски период.

Млечни производи со долг рок на траење

Избегнувајте млечни производи кои можат да траат подолго од две седмици. За жал таквото млеко на пример содржи стабилизатори, згуснувачи, адитиви и ароми.

Оваа храна максимално треба да ја ограничите во исхраната и нејзината консумација да се сведе на апсолутен минимум.