„Дар од Бога“ – среќни се луѓето кои во животот имаат барем една Кристина

26

Кристина е латинско име изведено од грчкиот збор Hristos што значи христијанин, крстен, оној кој верува во Бога, а ова популарно име носи и многу други толкувања.

Во својот корен го содржи зборот „Христ“ или „Крист“ (од Исус Христос), кој прво бил ознака за титулата, а дури подоцна станал дел од името на Исус.

Бидејќи името Кристина/Христина се однесува на чинот на светото крштевање и името на Исус Христос, исто така ги има и следниве значења: христијанската жена, божја ќерка, безгрешна, онаа што е дар од Бога, жената која самата Господ ја испратил меѓу мажите. Тина, Кика и Крис се популарни изведенки од ова прекрасно женско име.

Луѓето со името Кристина честопати се опишуваат како крајно добродушни и секогаш подготвени да ги ислушаат и утешат другите луѓе. Кога се дружите со девојка или жена по име Кристина, можете да бидете сигурни дека сте пронашле вистински пријател за живот.

Кристина ја краси и скромност и е многу повлечена личност, склона кон „подигнување sидови“ околу себе со цел да го заштити своето срце од луѓето коишто сакаат да ја повредат.

Жените по име Кристина најчесто имаат сложен карактер, но доколку ви е битно да се зближите со неа, таа ќе го отвори нејзиното срце кон вас и ќе ги сруши ѕидовите околу неа.

Личностите кои го носат ова име се смета дека се полни со љубов која несебично ја споделуваат со другите и тоа е нивниот најголем дар.

Ако успеете да го освоите срцето на една Кристина треба да се сметате себеси за многу среќна личност.