ОФИЦИЈАЛНО: Вардар е НОВ шампион на Македонија!!

115

ОФИЦИЈАЛНО: По две години, ФК Вардар ја врати титулата во Скопје и во своите витрини.

Сосема заслужено, ФК Вардар е прогласен за шампион на Македонија за сезоната 2019/2020. Со доминантна игра, со десет бодови пред конкурентот Силекс, се друго освен доделување на титулата на ФК Вардар ќе беше сосема незаслужено, кон фудбалерите на Вардар и стручниот штаб, кој оваа сезона иако беа отпишани пред време, сепак, на крајот се радуваат на титулата.

Честитки до фудбалерите, до тренерот и до целиот стручен штаб на ФК Вардар, кои ни ја вратија титулата во Скопје по пауза од две години.