Од утре почнува со работа ЗОО Скопје – ова се протоколите

881

Од скопската зоолошка градина информираа дека бројот на посетителите од утре, ќе биде ограничен, но сепак луѓето повторно ќе можат да уживаат во нејзините убавини.

Зоолошката градина Скопје ќе биде отворена утре од 9 часот, но поради коронавирусот има нов протокол за движење и придржување кон мерките за претпазливост.

Посетителите ќе мора да се придржуваат кон новите протоколи за работа и движење низ градината:

– Задолжително носење маска при влез во ЗОО Скопје;
– Чекање ред на дистанца од 1,5м;
– Строго е забрането хранење и доближување до животните;
– Отпадоците да се фрлаат во корпите;
– Не смее да се употребуваат летниковците и детските игралишта;
– Одржувајте дистанца од другите посетители;
– Бројот на посетители ќе биде ограничен, за да не се создава поголема гужва низ градината.

Работното време на зоолошката ќе биде од 9 до 18 часот.