Автопатот Миладиновци – Штип е на самиот крај. Асфалтот е веќе целосно поставен, во моментов се финализираат последните технички работи. Се обележува колозовот, се поставува сигнализацијата, заштитната мрежа, таблите, знаците. Се засадуваат и дрвја околу автопатот.
Работниците велат дека деноноќно интензивно се работи. Останати се само ситни детали како целиот проект би бил комплетен. На граѓаните им ветуваат автопат граден по сите европски стандарди.
Од првиот автопат на истокот од земјава, огромен бенефит ќе има бизнисот, како и целата економија во државава. Ќе се овозможи брза комуникација и увоз на сите производи од источните делови. Ќе се зголеми конкурентноста како и туризмот во овој регион.
Таблите и знаците се поставени, целосната светлосна сигнализација е веќе во функција. Најголемиот автопат во источна Македонија, Миладиновци-Штип, со должина од 47 километри е веќе на самиот крај и подготвен да биде пуштен во употреба.
Автопатот чини нешто над 200 милиони евра, а ќе биде пуштен до крајот на годинава.





![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-218x150.png)











![[ВИДЕО] Снимен земјотресот на главниот аеродром во Венецуела, паѓаат големи парчиња бетон](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/5VAhu-2c245c45-aa5d-4bd2-8e0e-4b72fb8f4f40-218x150.webp)






![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)












