Најголемите воени вежби во историјата во историјата “Восток 2018” подразбираат и проба на проектили кои на себе можат да носат нуклеарно оружје.
“Искандер 9к720”, балистички систем со краток дострел со наведување на проектили, е тестиран во текот на воените вежби Восток 2018 на полигонот Тсугол во Забајкалскиот крај на Сибир. Ракетите од системот биле лансирани во вторникот, а се проверувал нивниот дострел, како и нивните летечки способности.
Russia test-fires the 9K720 #Iskander short-range ballistic missile system during #Vostok drill pic.twitter.com/vBfqp1peKV
— Press TV (@PressTV) September 13, 2018
Системот “Искандер М” го користат руските вооружени сили од 2006. година. Системот е многу мобилен и може да се подготви за борбено дејство за 20 минути. Овој систем е познат по својата прецизност, бидејќи може да погоди мета на далечина од 500 километри. Ракетите постигнуваат хиперсонична брзина од 9.360 km/h а летаат на висина од 50 километри од површината на земјата. На вежбите е проверена и нивната маневарска способност, бидејќи овие ракети можат да изведат нагли движења, и така да избегнат противракетна одбрана. На овие ракети може да се вгради и термонуклеарна глава покрај конвенционалната опрема.
Воените вежби “Восток 2018” се одржуваат од 11. до 17. септември на Далечниот исток на Русија. Во нив учествуваат 300.000 војници, 1.000 авиони и 36.000 тенкови, борбени и транспортни возила, како и 80 разни пловила кои вежбаат во Тихиот океан.
Во вежбите учествуваат и значајни контингенти на кинеската и монголската војска.



![[ФОТО] Силно невреме во Дојран, граѓаните да пријават штети](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/JNR2f-752497600-122137003053034092-8851586052776413116-n-218x150.webp)















![[ВИДЕО] Сцена од грчка плажа – бугарски туристи и скара на песок](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/uBJ7W-screenshot-15-218x150.png)







![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)









![[ФОТО] Силно невреме во Дојран, граѓаните да пријават штети](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/JNR2f-752497600-122137003053034092-8851586052776413116-n-100x70.webp)

