Од компликации од корона почина заменик градоначалникот на Скопје Енвер Малиќи

92
Заменик градоначалникот на Скопје, Енвер Малиќи починал утринава од компликации со коронавирусот во приватна болница  откако претходно бил лекуван десет дена на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје.

Малиќи беше почесен конзул на Мексико, угледен бизнисмен и заменик градоначалник на Скопје. Тој беше назначен за заменик градоначалник од страна на градоначалникот Петре Шилегов.

Малиќи беше советник на ДУИ, управител на компанијата „Гемак Трејд“ и сопственик на „Парк Хотел Спа“ на кејот на Вардар.