Една од главните заложби на Министерството за здравство во изминатите години беше унапредување на условите, вложување во модерна опрема и обуки на Клиниката за гинекологија и акушерство. Од МЗ соопштија дека оваа заложба ја претвориле во ефикасна стратегија која за само пет години дала фантастични резултати, ги унапредила условите за родилките и обезбедила врвна нега за новороденчињата.
-Како директна последица на постојано унапредување на условите и модернизација на Клиниката, од 2016 до 2021 успеавме да ја намалиме смртноста кај предвреме родените бебиња од 26% на само 8% со тенденција овој процент и понатаму да паѓа. Континуираната обука и унапредување на персоналот и силните инвестиции во модерна апаратура се клучот за успех и квалитетна работа на оваа Клиника. Во изминатиот период набавивме 15 модерни инкубатори, нешто што недостасуваше на Клиниката но и низа други апарати и опрема, како микроскопи, системи за деминерализација, респираторни машини, подвижни протокомери за кислород и друга опрема. Оваа опрема беше нужна да се понуди најдобрата услуга, а со тоа и да се спасат што е можно повеќе млади животи. Денес ГАК располага со врвна апаратура, знаење и мотивиран персонал кој работи по светски стандарди, информираа од МЗ.
На денот на предвреме новородените деца, министерството порачува дека превенцијата, навремените прегледи и грижата за сопственото здравје на трудниците се клучот за стабилна бременост и зачувување на здравјето на бебињата. Министерството ќе продолжи да вложува и да го унапредува одделот за Гинекологија и акушерство со цел врвна услуга, многу спасени млади животи и европски стандарди во македонското здравство.









![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-218x150.png)








![[ВИДЕО] Сцена од грчка плажа – бугарски туристи и скара на песок](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/uBJ7W-screenshot-15-218x150.png)






![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)











