Очите јасно откриваат дека имате коронавирус: Овие два симптома не се безначајни!

284

Наложено е сите офталмолошки ординации во Америка да престанат со работа и да се примаат само исклучително итни случаи

Црвените очи може да бидат знак дека пациентот е заразен со коронавирус, тврдат медицинските сестри и лекари.

Медицинската сестра Челзи Ернест вели:

„Лично го видов тоа. Заболените имаат очи како кај алергија. Белиот дел од окото не е црвен. Тоа е повеќе како да имаат црвена сенка од надворешната страна на очите“, тврди таа и продолжува:

„Имавме пациенти кои имаа само црвени очи како единствен симптом што го видовме, дојдоа во болница и починаа.“

Освен тоа, Американската офталмолошка академија предупредила дека постојат извештаи кои откриваат дека коронавирусот е поврзан со конјуктивитис, што може да предизвика црвенило на окото, пренесува Си-ен-ен.

Наложено е сите офталмолошки ординации во Америка да престанат со работа и да се примаат само исклучително итни случаи.

Неодамна истражувачите изнеле и изненадувачко откритие дека губењето на сетилото на вкус и мирис може да биде пресуден знак на предупредување за носителите на коронавирус.