Обложувалниците го кажаа своето: Еве кој е фаворит за освојување на „Златната топка“!

936

Аргентинскиот офанзивец и првата ѕвезда на Барселона Лионел Меси се уште е прв фаворит за освојување на „Златната топка“ за оваа година.

До пред неколку дена немаше апсолутно никакви дилеми кој на крајот од годината ќе ја освои „Златната топка“, а потоа Ливерпул се препороди и ги исфрли Каталонците од полуфиналето во Лигата на шампионите, но се чини дека тоа не го поремети Меси премногу кога станува збор за освојување на најпрестижната индивидуална награда.

Според водечките светски обложувалници, Меси се уште е убедливо прв фаворит за освојување на „Златната топка“ со коефициент 1.50, додека зад него е дефанзивецот на Ливерпул Вирџил ван Дајк со коефициент 2.87. На листата од топ пет фаворити се уште и Мохамед Салах, Кристијано Роналдо и Рахим Стерлинг, но јасно е дека ниту еден од нив тројца нема да ја освои наградата.

Инаку, Меси во моментов има пет „Златни топки“, исто како и Роналдо, а оваа награда минатата година ја освои Лука Модриќ кој сезонава ја одигра на очајно ниво.

Интересно, меѓу фаворитите оваа година го нема Килијан Мбапе кој во Франција ги собра сите награди, како и Садио Мане кој игра во далеку подобра форма сезонава од својот клупски соиграч Мохамед Салах.