Маж вчера ја удри српската уметничка Марина Абрамовиќ со слика во главата. Инцидентот се случи во музејот „Палацо Строци“ во Фиренца. Директорот на установата Артуро Галансино соопшти дека Абрамовиќ не е повредена.
„Сè е во ред“, напиша Галансино на Твитер.
Италијaнските медиуми објавија дека сликата со дрвена рамка со која е извршен нападот е портрет од Абрамовиќ кој го насликал напаѓачот.
Полицијата отвори истрага за инцидентот. Италијанскиот весник „Кориере дела сера“ пишува дека напаѓачот, чие име не е објавено, двапати во јавност се појавил гол во текот на изминатите години, а еднаш лежел гол на лажни долари.