После повеќегодишната работа, научниците синоќа ја објавија првата фотографија на црната дупка која се наоѓа во галаксијата „М87“.
Недолго после прес-конференцијата на која на светот му беше претставена првата фотографија на црната дупка, од “NASA” објавија сопствени фотографии направени во комбинација со сопствените и податоците на “Event Horizon Telescope”.
Додека фотографијата на “Event Horizon Telescope” беше фокусирана само на црната дупка и нејзиното најблиско опкружување, фотографијата на американската вселенска агенција ја открива пошироката околина на црната дупка.

Со оглед на тоа што фотографијата е направена во “Chandra X-Ray” опсерваторијата на “NASA” која има пошироко видно поле, откриено е поширокото опкружување на црната дупка во галаксијата „М87“, односно конкретно, прикажано е опкружувањето во радиус од илјада светлосни години.
Галаксијата „М87“ е оддалечена од Земјата 55 милиони светлосни години, а првата фотографија на една црна дупка беше претставена вчера на прес-конференции кои беа одржани во Вашингтон, Брисел, Сантијаго, Шангај, Тајпеј и Токио.















![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)





















