Научниците од универзитетот во Саутемптон тврдат дека коронавирусот се “крие” со помош на шеќери наречени глукани, кои му помагаат да го избегне имунолошкиот систем.
Тие велат дека новиот вирус ги користи глуканите за да влезе во телото како “волк во јагнешка кожа”.
Тимот истражувачи предводени од Макс Криспин вели дека вирусот сепак не е толку заштитен како другите (како на пример ХИВ), како и дека оваа информација ќе им помогне на луѓето кои работат на создавање вакцина.

Криспин објаснил дека овој вирус има голем број шилци на површината кои ги користи за да се врзе и влезе во клетките на човечкиот организам. Тие шилци имаат обвивка од шеќери кои ги прикриваат неговите вирусни протеини и му помагаат да го избегне имунолошкиот систем на телото.
“Едно од нашите главни откритија е дека без оглед на шеќерите, вирусот не е толку заштитен како другите вируси. Вирусот како ХИВ има многу густ слој од глукани, додека тоа не е случај со коронавирусот”, вели Макс.

Тој навел и дека вирусот се однесува според системот “удри и бегај” и дека, како што знаеме, се пренесува од една личност на друга.
“Тој сепак има пониска густина на шеќери што значи дека постои помала препрека за имунолошкиот систем да го неутрализира вирусот со антитела. Тоа е охрабрувачка порака за сите оние кои работат на развојот на вакцина”, рекол Криспин.









![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-218x150.png)








![[ВИДЕО] Сцена од грчка плажа – бугарски туристи и скара на песок](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/uBJ7W-screenshot-15-218x150.png)






![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)











