Милан и официјално му врачи отказ на Џампаоло

105

После очајниот старт на сезоната, Марко Џампаоло и официјално повеќе не е тренер на Милан.

52-годишниот Џампаоло пристигна во јуни како замена за Џенаро Гатузо кој по крајот на минатата сезона доби отказ. Сепак, лошата игра на Милан продолжи и во текот на новата сезона, па така после седум кола „Росоњерите“ имаат дури четири порази.

Во последното коло Милан славеше на гостувањето кај Џенова, но сепак Џампаоло не се спаси од отказ.

Според последните информации, негов наследник на клупата на Милан ќе биде Стефано Пиоли.

loading...