Во едно од најдрамитичните финалиња од куп натпреварите, акуелниот шампион и бранител на трофејот МЗТ Скопје дојде до својот 12 трофеј во Купот на Македонија.
Во преполната сала “Боро Чурлевски” против домашниот Пелистер од Битола, “металците” успеаа да го одбранат пехарот. Конечни 62:60 за “сино-белите”. Натпреварот не беше квалитетен, но беше крајно возбудлив.
Јунак во таборот на “металците” беше Американецот Ејасу Ворку, кој го постигна победничкиот кош на нешто помалку од три секунди. Победата на гостите е уште поголема доклку се знае дека во речиси цело второ полувреме играа без повредениот Војдан Стојановски, а во последните четири минути и без капитенот Дамјан Стојановски поради пет лични грешки. Дамјан Робев беше главниот играч кај МЗТ и блесна кога беше најпотребно. Кога на теренот ги немаше најголемите мотиватори (браќата Стојановски) со 13 поени беше најпрецизен во својот тим. Зад него беа Душан Танаскович со 12 и херојот Ејасу Ворку со 11 поени. Александар Костовски со 15 поени беше најпрецизен кај Пелистер.
Ова беше 12-ти трофеј за гордоста на Аеродром во Купот, со што сега имаат два пехари повеќе во однос на својот најголем ривал, Работнички. Пелистер и во второто финале во тимската историја не успеа да дојде толку посакуваната цел.
Димитар Младеновски