Новина од УЈП, за да знаеме колку данок треба да платиме по новиот закон секој од нас ќе треба да ангажира свој сметководител

1624

Уште едно финансиско оптоварување ги очекува граѓаните во наредната 2019 година. Имено покрај покачените даноци и растот на цените, македонските граѓани ќе треба да си ангажираат лични сметководители за да не заталкаат во даночните лавиринти.

Попрецизно, во изданието на “Економски магазин“ на Алсат м телевизија, во кое гостуваше директорката на Управата за јавни приходи (УЈП), Сања Лукаревска, на прашање на водителот, дали секој кој што има дополнителни приходи од редовната плата и редовната пензија, би требало секој да има свој сметководител за да може да си ги води сметките за да знае колку данок ќе треба да плати, директорката Лукаревска одговори дека таа е праксата во сите европски земји, секој си има свој сметководител.

– Во сите европски земји така е најчесто, праксата е таа. Секое физчко лице си има свој сметководител. Меџутоа мислам дека нашите сограѓани навистина се доста едуцирани и дел од нив и сами знаат да ги спроведуваат овие смедководствени работи, рече Сања Лукаревска.