На социјалната мрежа „Фејсбук“ вчера се појавија нови телефонски разговори објавени од лице потпишано како Ел Чека. Објавувачот тврди дека комуникацијата е помеѓу лидерот на ДУИ, Али Ахмети и поранешниот висок функционер од партија Муса Џафери, а разговараат за Охридскиот рамковен договор.
Објавувачот вели дека е во комуникација со обвинетите за Диво Насеље и дека во договор со нив се објавуваат овие разговори.
Ова не е прв разговор кој е објавен на „Фејсбук“. Во текот на оваа и изминатата недела беа објавени неколку разговори за кои јавноста не беше запознаена.
МВР вчера информираше дека го лоцирале објавувачот и дека го известиле јавното обвинителство.
















![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)






















