Нови 29 случаи на корона вирус, вкупната бројка сега достигна 177 заразени

111
Министерството за здравство информира дека во изминатите 24 часа се регистрирани 29 нови случаи на коронавирус во земјата. По градови: Скопје (20), Куманово (3), Велес (3), Прилеп (2) и Дебар (1).
Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска до 12.00 часот изнесува 177 лица од кои 1 излекуван и 2 починати пациенти.
Според местото на живеење, досега случаи на КОВИД-19 се регистрирани во:
– Скопје – 108
– Дебар (41) – 1 починат
– Куманово (11) – 1 починат
– Штип (7)
– Велес (3)
– Кавадарци (2)
– Охрид  (2)
– Прилеп (2)
– Гостивар (1)