Изгледа дека Новак Ѓоковиќ има сокриена страст и хоби, за кое порано не знаевме. Српскиот тенисер на Фејсбук сподели фотографија на која плете.
Додека тој фокусирано се обидува да плете, неговата сопруга, Јелена Ѓоковиќ, му помага во тоа.
„Интензивно фокусиран на плетење додека врне“, напишал Ѓоковиќ во описот.
Фотографијата за неколку часа им се допаднала на речиси 40.000 негови фанови, а од нив 1500 оставиле коментар.
„Легенди“, „Вие сте прекрасен пар“, „Одличен избор на активност за опуштање, среќно утре!“, пишувале воодушевените обожаватели, а една пријателка истакнала: „Ова е една од најслатките фотографии кои ги имам видено во последно време. Едвај чекам да го видам неговиот готов производ.“
Јелена на својот Инстаграм профил споделила и видео со коментар: „Ти одат рачните занаети“, и ги насмеала пријателите.
Инаку, тенисерот моментално е во Париз, каде планираниот натпревар е одложен поради дождот, па натпреварувачите, исто како Ѓоковиќ, го трошат слободното време до идниот меч.









![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-218x150.png)








![[ВИДЕО] Сцена од грчка плажа – бугарски туристи и скара на песок](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/uBJ7W-screenshot-15-218x150.png)






![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)











