Се верува дека лекува дури 60 видови болести, а содржи повеќе антиоксиданти и од зелениот чај

476

Омилениот плод од Медитеранот и неизоставна состојка во медитеранските јадења, освен уникатниот вкус го краси и совршен спој на витамини и минерални состојки.

Токму поради тоа маслинките се користат како лек уште од древните времиња и се верува дека лекуваат дури 60 видови болести.

Благодарение на високата содржина на витамин Е, маслинките се сметаат за важен антиоксидант, а покрај тоа во себе содржат и многу хранливи и лековити материи како витамин Ц, Д, А, К, билни масти, протеини, бета-каротен, ензими, незаситени масни киселини, омега-3 киселини, олеинска, стеаринска, палмитинска киселина, хлорофил, флавоноиди, фитостероли, железо…

Како да подготвите чај од лист од маслинка?

За шолја чај од 300 милилитри ви се потребни 15 до 20 суви листови од маслинка.

Ставете ја водата да зоврие, ставете ги листовите од маслинка во неа и варете уште 2 до 3 минути. Оставете ги листовите да отстојат во вода уште 10 минути, а потоа процедете.

Чајот можете да го пиете ладен или топол, а по желба можете да додадете мед или лимон.

Чајот од лист од маслинка е препорачливо да се пие и превентивно, а истиот има благ вкус со едвај забележлива горчина. Листовите измијте ги и добро исушете ги, а потоа чувајте ги во затворен сад на темно место.

Новите истражувања велат дека чајот од листови од маслинка има повеќе антиоксиданти дури и од зелениот чај, што го сместува на листата на најздрави чаеви на светот.