Нова технологија: Дали ќе патуваме со 1200 км на час во капсули

692
Во пустината северно од Лас Вегас, метална цевка се протега во подножјето на планините што може еден ден да направи револуција во патувањата.

Станува збор за цевка долга 500 метри на полигонот DevlLoop каде што луѓето се превезуваа за прв пат во ноември 2020 година. И покрај краткотрајноста на „патеката“, тие успеаја да достигнат брзина од 172 км на час.

Вирџин Хиперлуп, чии партнери ја вклучуваат Вирџин Групацијата на милијардерот Ричард Брансон, развива технологија на капсули за патници кои ќе поминуваат до 1.200 километри на час низ скоро вакуумски тунели со помош на магнетна левитација.

Пред половина година, честа да се биде првиот патник на футуристичкиот воз Hyperloop им припаднаа на Џош Гигел, шефот на технолошкиот развој на компанијата и Сари Лучијан, директор на одделот за патничко искуство. Храброто дуо се возеше во капсула XP-2 што се користи за преткомерцијално тестирање.

Капсулите ќе соберат 28 лица и ќе можат да се прилагодат на долги и кратки растојанија и за товарен превоз.

Гигел предвидува почеток на комерцијалната употреба најрано во 2027 година.

„Тоа може да биде првиот начин на транспорт во последните 100 години што ќе направи револуција во патувањето, како што веќе направија автомобилите, возовите и авионите“, рече Гигел.

Идејата за „вакуумски воз“ за првпат е измислена во раните 1900-ти од страна на научникот Роберт Годард. Франција се обиде да го развие во 60-тите и 70-тите години, а интерес повторно покажа и претприемачот Илон Маск во 2013 година.

Гилег тогаш работел за Спејс Икс на Маск.

Вирџин Хиперлуп планира да изгради мрежа на тунели за поврзување на најголемите градови во светот. Планира прво да развие патнички линии во Индија, чиј превозен систем е претоварен, а потоа и во Саудиска Арабија, каџде што нема инфраструктура.

Капсулите на Вирџин ХиперЛуп кон крајот на летото ќе бидат изложени во музејот Смитсонијан како дел од изложбата „ Futures“ во Вашингтон.