Нова ескалација: Во палестинско-израелската војна се вклучија и милитантите од Либан

815

Сирените вчера навечер на северот на Израел се огласија на северот на Израел поради ракетен напад од Либан.

Шест ракети биле лансирани од Либан, но како што соопштија од израелската армија, сите ракети завршиле на либанска територија, односно не долетале до Израел.

Жителите на неколку израелски градови сместени во близина на границата со Либан слушнале експлозии и веднаш се засолниле во подземни бункери, а израелската армија возвратила со напад кон местото од каде што биле лансирани ракетите.

Израелските власти вчера соопштија дека двајца учесници на протестот одржан во Либан во знак на поддршка на Палестинците се обиделе „да ја саботираат оградата на границата“, но во тоа биле спречени.

Ракетите во двата правци продолжија да паѓаат на југот на Израел и палестинската територија Газа во текот на вчерашниот ден, а судирите продолжија и на улиците на Западниот брег. Во израелските гранични населби жителите повеќе пати биле испраќани во засолништа и биле советувани да останат заклучени во своите домови додека војниците го пребаруваат подрачјето во потрага по потенцијални милитанти.

Од Газа соопштија дека загинале најмалку 40 лица, па бројот се искачи на 200, додека десетина лица загинаа во Израел. Додека меѓународната заедница забрзано работи на воспоставување на мир, еден од командантите на израелската армија, Авив Кохави поеача дека судирите ќе траат уште најмалку два дена.

“Хамас погреши кога пред осум дена го нападна Ерусалим. Тие не мислеа дека ова ќе се случи“, изјави Кохави.