Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ работи на привлекување на странски инвестиции и тоа е еден од главните начини за подобрување на економијата, отворање на нови работни места и модернизација на државата, соопшти владејачката партија.
„Најавена е инвестиција помеѓу половина милијарда и една милијарда, средства кои ќе финансираат проекти за изградба на локални, регионална и експресни патишта.
Дел од тие патишта ќе бидат реконструирани, а дел ќе се градат.
Граѓаните ќе добијат побезбедни патишта како и можност за полесно патување и транспорт на стоки.
Владата на ВМРО-ДПМНЕ е посветена на стабилизирање на економијата, подобрување на стандардот на граѓаните и нивниот квалитет на живот.
Ќе се гради Клинички центар во Штип, а болницата во Кичево ќе се гради на нова локација. Исто така, најавена е реконструкција на Клиничка болница Тетово, операционите сали и два нови оддели ќе бидат опфатени.
Пругата Табановце-Гевгелија, која ќе биде дел од Коридор 10, во која патничките возови ќе се движат 160км/час, а карго по 110км/час. Ова е проект кој ќе натфрли помеѓу 3 и 3.5 милијарди евра. По основ на ова БДП оди нагоре, а јавниот долг се намалува.
Граѓаните ќе добијат подобар пристап и квалитетно здравство и надвор од главниот град“, стои во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата потенцираат дека по преговорите од страна на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ за време на посетата на ОАЕ со странски инвеститори најавени се и нови проекти. Проекти на веќе постоечки локации во Охрид, откуп од сопствениците, и две нови локации. Попова Шапка Ски центар, локација кај Касарната за обележје, кое нема да биде само обележје на Скопје и Македонија, туку и регионот. Чебрен и Галиште, но и друг тип на објекти, соларни и нови ветерни централи, а институциите веќе се вклучени во процесите.
Овој инвестициски бран е помеѓу 2 и 3 милијарди евра за Македонија. Владата на ВМРО-ДПМНЕ останува посветена на привлекување нови странски инвестиции и отворање на нови работни места, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.








![[ВИДЕО] Жена изгоре во пожар во скопската населба Пинтија](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/05/pozar-218x150.jpg)






![[ВИДЕО] Сите осум членови на екипажот загинаа во падот на американскиот бомбардер Б-52](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/s6ucx-13516048-218x150.webp)









![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)











![[ВИДЕО] Сите осум членови на екипажот загинаа во падот на американскиот бомбардер Б-52](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/s6ucx-13516048-100x70.webp)



