Неoфицијално од синоќа се спроведува и се уште трае голема полициска акција на подрачјето на Берово, Пехчево и Делчево, се работи за разбивање на организирана криминална група која со години наназад вршела нелегална сеча на шуми, злоупотреба на службена положба, примање и давање поткуп, како и други тешки дела против животната средина.
Неофицијално, меѓу приведените се и актуелен директор на ЈП „Македонски шуми“ и актуелен началник во полицијата, како и повеќе полициски службени лица, шумски полицајци, службено лице од подрачна единица на министерство за земјоделие како и сопственици на правни субјекти. Тие се сомничат дека систематски организирале нелегална сеча и транспорт на дрвна маса, која потоа преку коруптивни врски ја пласирале како легално исечена.
Според нашите информации, групата функционирала како злосторничко здружение со единствена цел – личен профит на сметка на државата и природните ресурси. Со години никој не се обидел да ја спречи нивната работа, иако пустошењето било очигледно. Тоа отвора сериозно прашање: дали на локално ниво има доволно чесност и доблест да се спротивстават на криминалот и да го заштитат јавниот интерес?
Според ова јасно се нагласува дека со оваа акција полицијата и Владата испраќаат јасна порака корупцијата, уништувањето на природата и злоупотребата на функциите нема да бидат толерирани, без оглед на тоа кој стои зад нив.
Шумите се национално богатство и наследство што мора да се сочува за идните генерации, а институциите најавуваат дека ќе продолжат со решителни акции против сите што ја загрозуваат животната средина.





![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-218x150.png)










![[ВИДЕО] Снимен земјотресот на главниот аеродром во Венецуела, паѓаат големи парчиња бетон](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/5VAhu-2c245c45-aa5d-4bd2-8e0e-4b72fb8f4f40-218x150.webp)








![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)













