Нокаут деновиве ја промовираа новата тема која го носи името “Ти си таа#, а истата е најава за скопскиот солистички концерт кој е закажан за 27 октомври.

“Кога две енергии ќе се спојат, чуда се случуваат. А, кога ќе се спојат Нокаут и Гуру Харе се случува една ваква песна. Музиката и текстот се на Игор Атанасоски-Харе, аранжманот и продукцијата на Никола Перевски Пере, додека автор на краткиот филм е Јован Куциновски. Се надеваме дека ќе уживате онака како што ние уживавме додека ја снимавме”, напиша составот на социјалните мрежи.
Инаку, минатиот месец составот го објави и синглот “Што бараш ти во моја песна” на која гостува маестро Игор Џамбазов, а наскоро публиката ќе има можност да го чуе и четвртиот албум на Нокаут.















![[ВИДЕО/ФОТО] Бројот на загинати во Тузла се зголемува, 35 повредени, со месеци имало предупредувања за Домот](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2025/11/yfKjW-tuzla-dom-218x150.jpg)

![[ВИДЕО] Тројца загинати во катастрофалните поплави во Бугарија, прогласена вонредна состојба во повеќе региони](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2025/10/5FxCD-bugarska-poplave-830x553-1-218x150.webp)






















