Луѓето со алергии на одредена храна ќе можат да се имунизираат со вакцината АстраЗенека, велат експертите, цитирани од ДПА. „Препорачуваме пациентите со специфична реакција на одредени состојки на вакцината да не се имунизираат, но оние кои реагираат на лекови и одредена храна можат да бидат вакцинирани“, рече професорот Мунир Пирмохамед, претседател на Комисијата за хумани лекови, која ги следи вакцините против ковид-19.
Од своја страна, британската регулаторна комисија за лекови и здравство, исто така, соопшти дека ги разгледала своите претходни препораки за примање на вакцината на Pfizer и Biontech. Откако беа пријавени два случаи на здравствени работници кои имале реакција по истата, на луѓето кои страдале од алергии им било препорачано да го избегнуваат тоа.
Сепак, д-р Џун Рејнор, извршен директор на британската регулаторна комисија, рече дека откако биле вакцинирани 800.000 луѓе во Велика Британија и 1,5 милиони во САД веќе нема причина за понатамошна загриженост. Комитетот за лекови за човечка употреба препорачува сите луѓе со алергии на храна и лекови да се вакцинираат без грижи со Pfizer и Biontech, но се препорачува за пациенти со негативна реакција на состојките на вакцината за да се избегне имунизацијата во овој период.