Авторот на 12 гола во вчерашното полуфинале против Киелце, Петар Ненадиќ на официјалната прес-конференција спортски го призна поразот и од срце му честита на Стоилов и Парондо.
Поранешниот ракометар на Фуксе Берлин не зборуваше многу, но видливо беше дека жали за лошо одиграниот прв дел, во кој Вардар поведе со 16-11 и не ја испушти предноста до самиот крај.
„Вардар поведе убедливо во првиот дел, се вративме во вториот дел, бевме секогаш на еден-два гола разлика, но ни недостигаше тоа малку за да се радуваме. Честитки за Вардар, нивната сезона тешко се опишува со зборови“, рече српскиот репрезентативец.
Веспрем третпат е европски вицешампион и ќе го чека 11-от турнир во Келн, ако воопшто се квалификува, да се обиде да ја освои првата европска титула.














![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)






















