Случајот со исчезнатата Меди: Судир на три полиции поради истрагата, откриено дека е уништено комбито на осомничениот педофил

728

Британската и германската полиција “завојувале” поради истрагата во случајот со исчезнувањето на малата Меделин МекКен.

Тие моментално се расправаат поради писмата од Германија во кои родителите не малата Меди се информирани дека германските инспектори нејзиниот случај се третира како убиство.

Меделин, потсетуваме, исчезнала пред 13 години од апартман во Португалија каде била на летување со родителите.

Нејзиното исчезнување и денес е мистерија, но германските инспектори пред неколку дена го шокирале светот со тврдењето дека веруваат дека девојчето е убиено, откривајќи дека имаат лице кое го сомничат за злосторството. Станува збор за Германецот Кристијан Брукнер, кој е во затвор поради сексуален напад на една жена во хотел во Португалија.

Германскиот обвинител Ханс Кристијан Волтерс тврди дека неговата канцеларија ги информирала родителите, Кејт и Гери МекКен, дека тие веруваат дека нивната ќерка е почината. Но, Гејт и Гери ова го демантирале, велејќи дека тие не добиле никакво писмо од германската полиција.

Волтерс, пак, тврди дека пратил, не едно, туку две писма, и тоа преку Мет полицијата во Лондон, сугерирајќи дека Британците не ги проследиле. Првото писмо, во кое се наведува дека Германците го истражуваат случајот како убиство, било пратено кон крајот мај, додека второто било пратено минатата седмица, а во него родителите дополнително се информираат за истрагата.

Но, Скотланд Јард тврди дека на родителите им проследил само едно писмо, но од германската полиција, не и од обвинителите, а наведуваат дека во тоа посмо немало наводи за тоа дека Меди е почината. Порачала дека тие и натаму го третираат случајот како “исчезнато лице”. Германците одговориле, велејќи дека тие го истражуваат “убиството на малата Меди”.

Полемиките така продолжиле меѓу германската, британската, но и португалската полиција – посебно бидејќи се дознало дека португалската полиција го уништила комбито на Брукнер, две години по исчезнувањето на девојчето.

Инаку, Кристијан Брукнер служи и 15-месечна затворска казна и би можел да излезе на слобода на 17-ти јули, ако Европските суд ја отфрли пресудата за силување на 72-годишната жена, која била нападната во 2005-та година во Праја да Луз во Португалија, каде што исчезнала и Меди.

Брукнер бил уапсен за ова злосторство во 2009-та година и добил седум години затвор. Тој се жалел на оваа казна, велејќи дека Германците го прекршиле законот така што го екстрадирале во Португалија под обвиненија за трговија со дрога, а потоа му суделе и за силување.