Погребан раперот Гру: Сопругата и родителите скршени од болка, ги полевале со вода (ФОТО+ВИДЕО)

152

Во капелата се слушале плач и жалење, роднините и пријателите не можеле да се соземат. Смртта на Гру ги зави во црнило.

Раперот Далибор Андонов Гру беше погребан денес 12 септември, по 3 часот попладне.

Вдовицата Даница ја држеле за да не падне кога тргнала поворката, како и мајката Верица. Нив ги полевале со вода, а на таткото постојано му говореле да дише. Потресните сцени ги скршиле и најхрабрите.

Додека траела поворката, се слушала песната „Јас без тебе не можам да живеам“, а во текот на погребот трубачи ја свиреле „Тивко ноќ, моето злато спие“.

„Ние не сме способни да зборуваме за смртта, можеме само да веруваме дека раѓањето е најважна работа. Да молчиме. Нека се слушне само тишината. Да не ја прекинуваме, да и дозволиме да победи. За жал, Бог го зема најубавото цвеќе. Тоа е тага за нас. Но Бог има свој план… Драг мој Далибор, што да ти кажам… мој пријателу, патувај, таму те чекаат моите пријатели… Душко и Небојша. Вие ќе бидете хип-хоп трио без конкуренција, а тука сум и јас…“

Прочитајте и…  ПРВА ДОЛЖНОСТ ПО ПОРОДИЛНОТО: Меган Маркл ја претстави својата колекција на облека (ФОТО)

„Ќе дојде денот кога ќе морам да заминам и јас. А до тогаш ќе го чуваме сеќавањето на тебе, твојата музика. Се гледаме кога ќе дојдам горе. Ќе имаме лозинка… ќе знаете дека тоа сум јас. Почивај во мир“, изјави Нигор па заплака пред сите, а едвај зборуваше од солзи.

 

Во капелата се слушале плач и жалење, роднините и пријателите не можеле да се соземат. Смртта на Гру ги зави во црнило.

Многу познати лица присуствуваа на неговиот погреб, тие упатија огромно жалење до семејството, скршени од болка, меѓу нив беа, Кнез, Марко 187, Ѓуровски, Игор Лазиќ, Един Шкориќ, Душица Јаковљевиќ, Драгана Мичаловиќ, Нигор, Ајс Нигрутин, Гоца Тржан и Ивана Петерс и многу други.

Тимот на Партизан му испрати и венец и трогателни зборови со кои го поздрави за последен пат. И бајкерите дошле за последниот поздрав и побараа одобрување со моторите да го испратат до вечниот дом.

Далибор Андонов Гру загина во Земун при возење на кајт во понеделникот на 9-ти септември. Од вода го извлекле пријателите, а докторите од Итната помош само ја констатирале смртта.

 

 

loading...