Лук Пери, познатиот американскиот актер, починал на 52 години, откако минатата недела доживеал мозочен удар, па од тогаш лекарите деноноќно се бореле за неговиот живот.
Лук Пери, најпознат по улогата во серијата “Беверли Хилс”, бил хоспитализиран во четвртокот, по мозочниот удар, а и покрај напорите на лекарите, тој денес починал.
Како што пренесуваат американските медиуми, мозочниот удар бил толку силен што Лук не можел да се избори со тоа што го снашло.

Лук последните денови бил окружен со членови на семејството, а зад себе ги оставил децата Џек и Софи, свршеничката Венди, поранешната сопруга Мини, братот Том и сестрата Ејми.
Американските таблоиди пишуваат дека Лук Пери бил свесен и комуникативен кога Итната помош во четвртокот пристигнала на неговата адреса по мозочниот удар, а во светската јавност долго време се зборувала за неговата борба со ракот на дебелото црево, кој му бил откриен пред четири години.


