Талески: Ќе видиме, можеби ќе калкулираме против Шпанија

90

Репрезентативниот лев бек на македонската ракометна селекција, Филип Талевски во пресрет на средбата со Шпанија која се игра утре со почеток до 20:30 часот најави дека ќе се обидат да ги поправат грешки од средбата против Хрватска.

Ги увдовме нашите грешки на дуелот со Хрватска. Сите се согласивме дека одигравме добар натпревар, но со току многу промашени зицери не може да се победи одличната Хрватсла. Имавме многу грешки во нападот, и не смееме да продолжиме во таков ритам. Денеска ќе работиме на исправање на тие грешки во пресрет на клучните натпревари и да ги дочекаме подготвени“, вели Талески.

Македонија прво ја чека пресметката со Шпанија, а потоа ќе се оди на мегдан на Исланд. Талески вели дека засега не се најавени калкулации.

“Одиме максимално на двете средби и ќе бараме две победи, но ќе видиме како ќе се одвиваат натпреварите и во зависност од текот на натпреарите, можеби и ќе калкулираме против Шпанија, но засега нема такви најави. Мислам дека сите карти се отворени, сите знаеме се за сите други селекции, не може да се измисли нешто ново, можеби против Шпанија нема да се игра седум на шест. Играме одличен напад седум на шест, но имавме многу промашени зицери, па тука е проблемот“, вели Талески.

loading...