NBA-Познати учесниците на најатрактивно натпреварување

404

Познати се учесниците на натпреварот во забивање на овогодинешниот All-Star викенд, кој ќе се одржи на 19-ти февруари во Кливленд.

Ланскиот шампион, Енферни Сајмонс од Портланд Треил Блејзерс нема да има можност да ја брани својата “круна”.

Единствен повртаник во натпреварот е крилниот центар на Њу Јорк Никс, Оби Топин кој лани беше учесник на најатрактивниот дел од саботната вечер на All-Star викендот.

За прв пат ќе се појават младиот плејмејкер на Орландо Меџик, Кол Ентони како и дебитантот на Хјустон, Џејлен Грин. Премиерно ќе се претстави и ниското крило на Голден Стејт Вориорс, Хуан Тоскано-Андерсон.

NBA FAN

Димитар Младеновски