НБА колумна на Младеновски: Lakers и Pelicans со бомба од трампа го отворија летниот период!

316

Повторно со нас е Димитар Младеновски и неговите прекрасни НБА колумни, а кои читателите нетрпеливо ги очекуваа. Честа ни припадна нам, колумните на Димитар ексклузивно да бидат објавувани токму тука на mkvesti.mk. Уживајте…

Не поминаа ни 48 часа од официјалниот крај на сезоната и големото финале а веќе ја имаме можеби најголемата трансфер бомба летово.

Anthony Davis по долг период на шпекулации и видно искажано незадоволство го напушта New Orleans и преминува во Los Angeles Lakers. Во обратна насока доаѓаат двajца надежни млади играчи со All Star потенцијал, Lonzo Ball и Brandon Ingram заедно со одличен backup play во Jason Hart како и 4-тиот пик на овогодинешниот драфт. Официјализацијата на трансферот ке даде и одговор уште колку пикови на идните драфта ке припаднат на New Orleans Pelicans, најмалку два.

Еве зошто како ретко досега оваа размена одговара на двата тима:

Los Angeles Lakers

Иако веќе некое време на големо се зборуваше дека во Лос Анџелес доаѓа голема NBA ѕвезда ретко кој очекуваше дека такво нешто ке се случи толку брзо. Со доаѓањето на Davis во L.A. “лејкерси” инстантно стануваат фаворити. Тоа одговорно го тврдам имајќи во предвид дека до почетокот на сезоната се најавува дека ке се засилат на повеќе позиции. Клупата на тимот се очекува да добие освежување како и се почестите најави за уште една нова ѕвезда која би му се приклучила на тимот. LeBron James не ретко изјавувал дека во овој дел на неговата кариера и тоа како би му одговарало да игра во тим со супер ѕвезди, нешто на што во минатото беше и навикнат. Во Anthony Davis добива ѕвезда “par excellence”. Кога сме кај A.D. се работи за 26 годишен “суперстар” со вон сериски квалитети. Подеднакво корисен во нападот и одбраната, раскошен талент и неспорно топ 10 играч во NBA. По разочарувачката ланска сезона (полна со повреди) во следната сезона фановите на Lakers не само што може да се надеваат на подобри резултати, туку со право може да очекуваат длабок пробив во playoof-от, па дури и пласман во финалето.

New Orleans Pelicans

Иако го загубија својот најдобар играч во клубската историја сепак во New Orleans и тоа како следуваат подобри денови. Со овој трансфер Pelicans ги добиваат двата последни 2-ри пика на ланските драфтови како и млади и талентирани играчи со огромен потенцијал. Lonzo Ball и Brandon Ingram во очите на многумина се идни All-Star играчи, а се приклучуваат на млад и талентиран тим во кој најмалку нешто што би им недостигало е мотив за докажување. Двајцата имаа пеколно тешка ланска сезона исполнета со повреди. Тимот набрзо ке добие уште една идна голема ѕвезда. Бираат први на овогодинешниот драфт и според сите се очекува тоа право да го искористат за во своите редови да доведат ретко видена атлета во ликот и делото на Zion Williamson. Во тимот е сеуште еден од најпотценетите играчи во лигата, екс All Star плејот Jrue Holiday, кој треба да ја има улогата на ментор према новите организатори на играта – Lonzo Ball и Jason Hart. Лани токму од Lakers-и кај нив пристигна Julius Randle кој имаше ултра успешна сезона, а ова лето ке се види дали Pelicans се спремни убаво да платат за да го задржат или во надеж дека веќе имаат солиден нуклеус ке се решат да продолжат без него. На ова ако се додаде дека освен како 1-ви на драфтот, ке бираат и како 4-ти (пик кој дојде од L.A.) се додава уште еден млад потенцијал во ростерот. Во New Orleans има тим со многу светла иднина.

РЕЗИМЕ

Lakers добија страшен играч, Pelicans добија одлични играчи за светла иднина. Како ретко досега ова е Win-Win ситуација за двата тима. Anthony Davis немаше намера да остане во тимот на Pelicans па наместо тоа се приклучува на LeBron James во “градот на ангелите” каде се повеќе се зборува дека ке бидеме сведоци на формирање на уште еден т.н. супер тим со минимум 3 големи имиња. По падот на Golden State Warriors и отсуството на Kevin Durant и Klay Thomson следната сезона поради сериозни повреди, нема да биде изненадување ако во L.A. пристигне и 3-то звучно име да ги сметаме за фаворити (како и што ги смета Las Vegas во моментов). Дали третата ѕвезда ке биде Kyrie Irving, Kemba Walker или пак Jimmy Buttler останува да видиме. Ни престои жешко NBA лето на трансфер пазарот а не ни можеше да започне посилно од ова.

NBA FAN

Димитар Младеновски