NBA колумна на Димитар Младеновски-Вилијамс е иднината на плејмејкерската позиција (ВИДЕО)

1114

Мајки Вилијамс е плеј од средното школо Сан Јисиндроу во Сан Диего (Калифорнија) кој штотуку наполни 16 години. Според најдобрите сајтови во С.А.Д. тој е во врвот на проектирани играчи за влез во NBA лигата, најрано во 2023 година. Уште на почетокот на 2018 година, кога Вилијамс имаше само 13 години, беше рангиран како “топ проспект” односно, најталентиран играч во својата генерација.

Од ден на ден, неговата популарност расте, но исто така и квалитетот на неговата игра како и висината (бидејќи е многу млад и се очекува да биде многу повисок од сегашните 188 цм.). Веќе има официјални понуди од силни универзитети како Аризона, Kанзас, Мемфис, Аризона Стејт, Сан Диего Стејт итн. Во прилог следува видео во кое на дело се најубавите потези на Mајки пред неговиот 16-ти роденден. Уживајте…

NBA FAN

Димитар Младеновски