NBA колумна на Димитар Младеновски-Престрелка во Тексас (ВИДЕО)

649

Од синоќешната NBA програма која броеше 9 мечеви, го издвојуваме дуелот помеѓу Голден Стејт Вориорс и Далас Маверикс.Во возбудлив и неизвесен меч со многу постигнати поени, последните секунди го одлучуваа победникот. Домаќинот Далас во “Американ ерлајнс” центарот, успеа да слави во натпревар што го одбележа меѓусебната пресметка на Лука Дончич од едната и Стеф Кари од другата страна. Поранешниот MVP Кари, постигна фантастични 57 поени но ни тоа не беше доволно за триумф на “воините”. Дончич со своја одлична партија беше клучен за минималната победа на својот тим. Словенецот постигна 42 поени и реализираше 11 асистенции.Оваа победа беше од исклучително значење за тимот од Тексас имајќи во предвид дека пред овој меч имаа 6 порази по ред.

NBA FAN

Димитар Младеновски