Пред само неколку денови кошаркарските фанови се збогуваа со една од најпознатите арени во кој некогаш се играла оваа прекрасна игра. По 30 години постоење во историјата замина “Palace of Auburn Hills”. “Палатата” беше дом на Детроит Пистонс и местото каде “клиповите” ги освоија трите шампионски титули (1989, 1990 и 2004 година). Во истата сала настапуваше и женскиот професионален кошаркарски тим – Детроит Шок, кој исто така станаа три кратни прваци (2003, 2006 и 2008 година).
Во историскиот проект на Френк Риволд, големи музички имиња одржаа незаборавни концерти почнувајќи од Стинг во 1988 година преку Мајкл Џексон, Џон Бон Џови, Принс, Мадона, Бритни Спирс, Еминем итн. “Палас” беше и домаќин на еден од најцрните денови во историјата на NBA кога се случи катастрофалната тепачка помеѓу домаќините и тимот на Индијана Пејсерс. На 19 Ноември 2004 година, неиздржливата тензија на теренот се префрли на трибините при што голем број на играчи добија долги казни и суспензии.Сепак, овој историски објект ке остане запаметен по прекрасните моменти кој навивачите беа во можност да ги проследат. Во прилог следува видео во кое се раскажува за магијата на оваа сала како и нејзиниот последен поздрав.
Димитар Младеновски