NBA колумна на Димитар Младеновски-Некој нови фаворити

1136

За многумина претставуваше вистинско изненадување одлуката на Гордон Хејвуд да се откаже од последната сезона од договорот со Бостон, вредна 34 милиони долари. Набргу разбравме зошто го направи тоа. Крилото родум од Индијана се реши да се придружи на “дружината на Мајкл Џордан”. Потпиша 4 годишен договор вреден неверојатни 120 милиони долари.

Неговиот довчерашен тим одговори со ангажирањето на крилниот центар Тристан Томсон и искусниот плејмејкер Џеф Тиг. За канаѓанецот Томсон ова ке биде прв пат во својата кариера да игра за друг клуб освен Кливленд, тимот кој го одбра (како висок 4-ти избор на драфтот 2011 година) и каде помина цели 9 години. За поранешниот All-Star, Тиг следната сезоана ке биде 12 во лигата. На “селтикси” новите засилувања ке го доведат потребното искуство.

И тимот на Мајами продолжи со напорна работа овој преоден рок. По продолжувањето на договорите на Горан Драгич и Мајерс Леонард, “жешките” го ангажираа довчерашниот играч на “лејкерси”, бекот Ејвори Бредли. Набрзо потоа во тимот пристигна и крилото Мо Харклес, кој за само 3.6 милиони видливо ке ја заврсти клупата на источниот шампион.Тимот кој “од сенка” досега најмногу се засили е тимот на Атлант Хоукс. По ангажирањето на Данило Галинари, “јастребите” во една вечер успеаа драстично да ја подобрат бековската линија. Во тимот пристигнува шампионот Рејжон Рондо и бекот поентер од Чикаго, неуморниот Крис Дан. Од ден на ден тимот од Џорџија прави се поконкурентен тим со новините во својот ростер. Би претставувало вистинско непријатно изненадување доколку го пропуштат овогодинешниот плејоф.Доведувањето на Рондо многу ја израдува првата ѕвезда во тимот. Треј Јанг веднаш на својот инстаграм профил објави фотографија од себе и новиот организатор на играта на “хоукси”.Конечно, конкретен потег од страна на управата на “клиперси”. Во Лос Анџелес пристигнува искусниот центар Серж Ибака. Шпанскиот репрезентативец ке заработи 19 милиони долари за двегодишна верност. Повторно ке игра во тим со својот пријател Каваи Леонард со кого ја освои шампионската титула 2019 година. Гранитната одбрана и исклучителното чувство за игра го прави Серж еден од најпосакуваните високи играчи на денешницата.Феникс продолжи со фантастично активниот пристап и градењето на силен состав. Доведен е Џеј Краудер од Мајами. Силниот “Џеј Кеј” ке заработува 10 милиони долари по сезона.

Њу Јорк конечно успеа да доведе некој. Во “Медисон Скуер гарден” пристигнува центарот Нерленс Ноел. Потпиша едногодишен договор за 5 милиони долари. Атлетски импресивниот Ноел ке биде од голема помош за младите високи играчи во тимот. Особено се очекува неговото влијание и совети да делуваат позитивно на нивниот овогодишен избор на драфтот, универзитетскиот играч на годината, Оби Топи.Милвоки се засили на плејмејкерската позиција доведувајќи го ветеранот Ди Џеј Огустин кој доаѓа како слободен играч од Орландо. Откако пропадна трансферот на Богдан Богданович, “елените” итно и сериозно се зафатија за ангажман на нови играчи.За крај, тимот на Торонто Репторс, успеа да го задржи бекот Фред Вен Влит во своите редови. “Рептилите” понудија 85 милиони долари, сума која недрафтуваниот млад играч веднаш ја прифати.

NBA FAN

Димитар Младеновски